Веднаш на 20.1.2022 (19.1.2022 - неработен ден) екипите на Општинскиот инспекторат се упатени кон с. Трпејца (на дол) и направен е записник дека лицето кое ги има (т.е. има наредено) да се фрлат вреќите со градежен шут во огромна количина ќе ги крене и однесе во ,,Мауцкер" во рок од 7 дена.

Објавил: Рејхан Бајрами | 5 февруари, 2022 15:25

Огромен градежен шут исфрлен на брегот на Охридското Езеро

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На 18.1.2022 во 13:00 часот е добиена пријава од невладината ,,ОХРИД СОС” во Општинскиот инспекторат за огромен градежен шут исфрлен на самиот брег на Охридското Езеро во с. Трпејца (на дол)!

Веднаш на 20.1.2022 (19.1.2022 – неработен ден) екипите на Општинскиот инспекторат се упатени кон с. Трпејца (на дол) и направен е записник дека лицето кое ги има (т.е. има наредено) да се фрлат вреќите со градежен шут во огромна количина ќе ги крене и однесе во ,,Мауцкер” во рок од 7 дена.

На 31.1.2022 екипите на Охридскиот инспекторат излезени се во контрола и направен е записник дека не е постапено по претходниот записник! Со што се покренува постапка во рамки на Законот!

”На ден 5.1.2022 од 08:00 часот екипите на ЈП ,,Охридски Комуналец” – Охрид се излезени на терен со вкупно 21 вработен и цела расположлива механизација со цел да се расчисти ,,ДЕПОНИЈАТА” од градежен шут во областа На Дол (с. Трпејца) на самиот брег на Охридското Езеро!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.