Одбележувањето на Денот на Општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио

Објавил: admin@magazin | 26 јули, 2018 11:13

Одбележување на патрониот празник на општина Илинден

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Под мотото “Со Илинден традицијата продолжува“, на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Одбележувањето на Денот на општината ќе биде збогатено со настап на Влатко Стефановски Трио. Жителите на општина Илинден ќе имаат можност да уживаат во звуците на музиката на македонската музичка легенда, Влатко Стефановски, кој ќе се претстави со повеќе преработени традиционални изворни македонски песни, потоа со дел од неговите евергрини, за настапот да го заокружи со промоција на нумери од својот најнов албум, велат од општина Илинден.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести