Голем концерт на Влатко Стефановски во Античкиот театар во Охрид

Објавил: admin@magazin | 13 јули, 2018 9:31

Влатко Стефановски на 1 август во Охрид

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Како и секоја година, Охрид летово ќе биде центар на бројни музички настани, а меѓу нив е и концертот на гитарски виртуоз Влатко Стефановски, кој после трите распродадени концерти во Македонската филхармонија, својот нов албум „Мајчин јазик“ го носи и во Античкиот театар во Охрид.

Концертот е закажан за 1 август, со почеток во 22 часот, а Стефановски ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодосиј Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија.

Албумот „Мајчин јазик“ излезе кон крајот од минатата година и доби само пофални зборови и од критиката и од публиката, а освен промоцијата на домашен терен, музичарот одржа концерти во повеќе земји од регионот, а допрва го очекуваат и настапи како главна ѕвезда на фестивалите „Драм-дам фест“ во Лесковац и „Рокеријадата“ во Петровац на Млава.

Билетите се со цена од 1.000 и 1.200 денари и истите се веќе пуштени во продажба онлајн.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...