Како предлог го дадовме 22 или 29 декември да одиме веднаш на озбори и брзо во еден период кога нема ништо драматично ќе може народот да си го каже својот став.

Објавил: admin@magazin | 20 октомври, 2019 20:45

ОДЛУЧЕНО: ПРЕДВРЕМЕНИ ИЗБОРИ НА 12-ТИ АПРИЛ 2020 ГОДИНА!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Заев после лидерската средба рече дека предвремени парламентарни избори ќе се одржат на 12 април 2020 година. 

Владата даде предлог за 22 или 29 декември да се оди на избори, меѓутоа на тоа реагираа претставниците на ВМРО-ДПМНЕ и побараа друг термин, во март или април.

На крајот постигната е согласност за 12 април, а по изборите ќе има и попис кој нема да биде опструиран од ВМРО ДПМНЕ.

Не прифаќаме замена за ЕУ, аспирациите остануваат, рече премиерот Зоран Заев по лидерската средба и додаде дека очекува Европската Унија да ја прими Македонија како членка.

„Имаше точка е дискусија околу лидерството на државата после историската грешка од Брисел. Едногласен став е дека евроатланските интеграции се наша цел , не прифаќаме никаква замена и остануваат како аспирации. Ја поздравувам одлуката и остануваме на патот кој што носи демократија и владеење на правото. Втората точка беше предвремени парламентарни избори.

Како предлог го дадовме 22 или 29 декември да одиме веднаш на озбори и брзо во еден период кога нема ништо драматично ќе може народот да си го каже својот став. Имаше реакција дека нема 100 дена Влада, па потоа предлози 29 март, 12 април, 29 април. Постигнавме консензус за изборите да бидат на 12 април,2020 година.”, изјави премиерот Заев по лидерската средба кај Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.