Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.

Објавил: Владо Марин | 27 април, 2020 12:15

ОДЛУЧЕНО: 1 Мај, неработен ден за сите граѓани!

Фото/Текст извор: ©Magazin

Министерството за труд и социјална политика  соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ, 1 Мај 2020 година (петок), Денот на трудот е неработен ден за сите граѓани на Република  Македонија. 

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот.

Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците.

Се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.