Историчарите и експертите јасни на ставот дека Грците немаат проблем во името, туку со македонскиот народ, македонскиот јазик и македонското малцинство во Грција

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 ноември, 2018 9:55

Од АСНОМ всушност се бришат и потписите на Димитар Влахов и Благоја Фотев, Егејци

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Повикот за обединување на Македонците во соседните држави кој ја чини основата на Манифестот на АСНОМ е најголемата болка на Грците, и имаат причина зошто.

Но сепак македонската актуелната власт преку бришење токму на конститутивниот документ ќе го решава деценискиот спор е ставот на познавачите.

Одлуките на Президиумот напишани пред 74 години во Манифестот кои ги ставиле и темелите на македонската државност денеска немаат важност за актуелната власт, па како конститутивен документ предлагаат да остане само Прогласот.

Правно само одлуките и решенијата од АСНОМ се државотворни документи, со што ние го негираме формирањето на Македонската држава.

Во Манифестот на АСНОМ нема иредентизам категорични се експертите по уставно право кои повторно алармираат. Историјата на Македонија не памети досега некој да се повикува на бришење на преамбулата за да биде остварено некакво право.

Останува ли наводниот иредентизмот во Уставот единствениот трн во око за Грција или дополнително проблем за бришење на АСНОМ е потписот на двајца членови на президиумот по потекло од Егејска Македонија, Димитар Влахов и Благоја Фотев.

Грците и пред 25 години барале бришење на АСНОМ од македонскиот Устав, но тогаш барањето било одбиено, што не е случај со оваа власт.

Учествувајте уште помасовно во народно-ослободителната борба! Мобилизирајте ги сите свои другари за борба на фронт и работа во тилот. Борците на фронтот имат нужда од вашата поткрепа. Слободата на вашиот народ имат нужда од вашата помош. Изградувајнето на новата држава не може да се замисли без вашето равноправно учестие. Прегнете ги сите сили за поскоро да ги оствариме принципите провозгласени од првото македонско Народно Собрание. – вели еден дел од Манифестот на првото заседание на АСНОМ.

Токму народното Собрание преку Манифестот го покажува континуитетот на вековната македонската борба за создавање на самостојна и национална држава на македонскиот народ.

Пред речиси една година и грчки аналитичари познавачи на состојбата говореа дека проблемот на деценискиот проблем помеѓу двете држави не е името на Македонија.

Проблемот на Грците е македонскиот народ, македонскиот јазик и македонското малцинство во Грција, онака како што стои и во самиот Манифест дека Македонците во соседните држави мора да се обединат.

Ако докрај се изоди патот до менување на македонскиот Устав каде носечки столб е токму Манифестот од заседанието на АСНОМ оддржано на 2 август 1944-та кој ќе биде избришан, ниту историските учебници веќе нема да сведочат за тешкиот македонски пат до слободата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести