Потоа во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Објавил: admin@magazin | 26 септември, 2021 9:59

ОД ВТОРНИК ПА НАТАМУ ДОАЃА ВИСТИНСКА ЕСЕН, ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО И ВРНЕЖИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во останатиот дел од викендов, како и во понеделник времето ќе се задржи стабилно, суво и сончево со мала локална облачност. Температурите ќе бидат ВИСОКИ и над просекот за овој дел од годината и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 32 степени, додека во Скопје максимумот на температурата ќе се искачи до околу 30 степени.

Потоа во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Во вторник во текот на денот, а особено попладнето ќе биде нестабилно на повеќе места со дожд, локална појава на грмежи, засилување на ветерот и услови за ретка појава на град.  Максималните температури во вторник ќе бидат во опаѓање и ќе се искачуваат во интервалот од 18 до 26 степени.

Уште поголем пад на температурите ќе има од среда па натаму кога времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, и тоа под влијание на влажен и постуден воздушен бран. На некои места врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од југоисточен правец.

Од среда температурите повторно ќе бидат ПОД ПРОСЕКОТ за овој дел од годината и максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот само од 15 до 23 степени. Во опаѓање ќе бидат  и минималните утрински температури на воздухот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...