Промена во пасошите на Република Македонија.

Објавил: Владо Марин | 23 јуни, 2021 21:21

Од први јули ќе се издаваат пасоши со „Северна“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пасошите кои ќе се издаваат од први јули ќе бидат со новото уставно име Република Северна Македонија. Ова за „Фокус“ го потврдија од МВР.

-Што се до однесува за прашањето за рокот на важење на личните документи (лични карти, пасоши и возачки дозволи) со старото име, истите ќе важат согласно законската регулатива и тоа пасошите и возачките дозволи ќе треба да се заменат најкасно до 12.02.2024 година, додека за важноста на личните карти ќе бидете накнадно известени затоа што Законот за лична карта сеуште е во собраниска процедура, велат од МВР за „Фокус“.

Исто така поради миграција во нов систем, од 23. 06. 2021 година (среда) започнувајќи од 21 часот, заклучно со 27. 06. 2021 година (недела-до 21 часот) нема да биде во функција системот за прием и издавање на лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола), информираат од МВР.

-Од тие причини се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во ИТНА постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22. 06. 2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06. 2021 година до 12 часот, велат од МВР и додаваат:

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести