По Кочо Анѓишев и Хари Локвенец само четири од 77 компании доброволно изјавиле дека имаат функционери во својата организација

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 август, 2018 14:03

Од Фондот за иновации со “носители на јавни функции” кои не се носители на јавни функции

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Само четири од вкупно 77-те компании – апликанти добитници на средства од првиот повик од Планот за економски раст – трет столб се изјасниле дека во својата сопственичка структура имаат лице кое е носител на јавна функција или член на негово потесно семејство.

Инвестициските проекти на четирите компании како што велат од Фондот за иновации и технолошки развој [ ФИТР ] ќе бидат повторно доставени на разгледување до Комитетот за одобрување на инвестиции според критериумите за селекција и согласно правилниците на повикот.

Изјави поднеле компаниите:

“Микросам Прилеп” АД – Веле Самак – акционер – министер без ресор задолжен за странски инвестиции во Владата на Република Македонија кому функцијата му извршила заклучно со 30.05.2017 година.

“Контура” ДОО – Скопје – Елена Донева – сопственик – член на потесно семејство на Јован Донев поранешен амбасадор во МНР на Република Македонијa кому функцијата му извршила заклучно со 28.02.2017 година.

 тоа е компании каде нема носители на функции затоа што и Донев и Самак не се функционери повеќе од 1.5 година. Но има компании кои имаат активни носители на јавна функција:

“Т – Сенс консалтинг” ДОО – Скопје“ – Мерита Адеми малцински содружник член на потесно семејство на Асаф Адеми министер за култура во Владата на Република Македонија од 01.06.2018 година.

Од страна на компанијата до Фондот е доставено и известување за извршена промена на сопственичката структура односно бришење на лицето Мерита Адеми.

Како дополнение на изјавата во посебен документ лицето Христина Керкез еден од сопственици на “Декодикс” ДОО експорт – импорт Скопје декларира поврзаност како член на потесно семејство на Цвета Ласкова посебен советник во Канцеларијата на Претседател на Владата на Република Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.