Во немирите во Триполи, од минатиот понеделник, се водат вооружени пресметки, во кои животот го загубија 40 цивили а повредени се над 100

Објавил: Мирко Бачиќ | 3 септември, 2018 10:54

Околу 400 затвореници избегаа по бунт во затвор во Триполи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Околу 400 затворници избегаа по бунт во затвор во јужно предградие на либискиот главен град Триполи, каде една недела се водат битки, соопшти затворската полиција.

Затворениците ги скршија вратите и излегоа по нереди и бунт, поттикнати од судирите меѓу сопернички милиции во близина на затворот Ајн Зара, соопшти полицијата.

Чуварите дозволиле тоа да се случи за да ги спасат животите на затворниците.

Од минатиот понеделник сопернички вооружени групи се борат со тешко оружје во јужното предградие на Триполи.

Во нив се убиени најмалку 40 и повредени се 100 лица, од кои повеќето се цивили.

Владата во Триполи, која е поддржана од ОН, прогласи вонредна состојба во главниот град поради сериозността на состојбата.

Така наречената Либиска национална армија, која е под команда на маршалот Халифа Хафтар, соопшти дека е подготвена да се вмеша во судирите, и да воведе ред во Триполи, соопшти извор од армијата во источниот град Бенгази.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести