Инаку, деновиве скопскиот градоначалник Петре Шилегов кажа дека Скопје веќе не е загадено како порано, додека вчера министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кажа дека вонредни мерки не се потребни.

Објавил: Весна Петровска | 18 декември, 2019 10:03

ОПАСНО МЕСТО ЗА ЖИВЕЕЊЕ: Еве каде утрово е најзагадено во Македонија – не излегвајте од дома!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Нашата земја стана место опасно за живот, утрово според најновите мерења најзагаден град е во Битола.

Следат Миладиновци, Кочани, Ректорат и Гази Баба.

Инаку, деновиве скопскиот градоначалник Петре Шилегов кажа дека Скопје веќе не е загадено како порано, додека вчера министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини кажа дека вонредни мерки не се потребни.

– Свесни сме дека нивото на загадување на воздухот е висока. Но, се уште не е над прагот, каде што треба да ги активираме т.н. вонредни мерки, но секако посветени сме и работиме на намалување на нивото, рече тој за воздухот.

Загадено беше и во Тетово, Кичево и Гостивар.

Поради високите концентрации кои се штетни по здавјето и се над 100 микрограми на метар кубен, засега се само препораките до населенито да не излегува без потреба, да се користи јавен превоз, возилата да не се користат без поголема потреба, повеќе лица да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал и правилно да се користат печките за дрва.

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести