Причинета е голема материјална штета но во пожарот нема повредени

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 август, 2018 8:56

Опожарена куќа во Кисела Вода

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пожар во куќа на улицата “Невена Георгиева Дуња” во скопската населба Кисела Вода избувнал ноќеска околу еден часот по полноќ.

Во пожарот нема повредени лица а биле опожарени 200 метри квадратни.

Во гаснењето што траело до 04:15 часот учествувале 12 пожарникари со шест противпожарни возила.

Предизвикана е голема материјална штета а сеуште не се утврдени причините.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести