Основниот Суд Скопје 1 Скопје, во политичка возбуда, направи грешка, па повика на отслужување казна затвор пратеник на Собранието на Македонија кој има активен имунитет

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 14:42

Основен суд Скопје шири паника, најавува притвор на Груевски

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Основниот суд Скопје 1 преку соопштение реагираше на одлуката на Апелација со која беше потврдена затворската казна од 2 години за поранешниот премиер Никола Груевски.

Од неукост или под политички притисок, Основниот Суд, Скопје 1 излезе со соопштение кое нема правен основ:

Во однос на повеќе новинарски прашања поврзани со одлуката на Апелациониот суд – Скопје КОКЖ – 23/18 со која делумно се уважува жалбата на прво обвинетиот и во целост се одбива жалбата на второ обвинетиот во предметот на Основниот суд Скопје 1 – Скопје со КОК 59/17, во јавноста познат како “Тенк”, ја информираме јавноста дека по приемот на предметот од Апелациониот суд истиот согласно АКМИС – електронскиот систем за процесуирање на предмети ќе биде распределен на судија за извршување санкции за понатамошно постапување.

Согласно Законските одредби судија за извршување санкции изготвува упатен акт кој го доставува до осудените лица во предметот и истите, по приемот, се должни доброволно да се јават на извршување на определната санкција.” – стои во соопштението на судот.

Соопштението на Основиот Суд Скопје 1 е грешно во формулацијата, затоа што второобвинетиот, Никола Груевски е актуелен пратеник во Собранието на Република Македонија па согласно Уставот и Деловникот за работна на законодавниот дом има пратенички имунитет.

Несериозно е судски орган да бара”доброволно јавување за извршување на определената санкција” затоа што правно таа постапка има процедура. Имено правниот тим на Никола Груевски тврди дека суште има механизми за жалби пред надредените судови на Основниот и Кривичниот.

Но и да се потврди одлуката, таа технички може да стапи во сила дури откако судот ќе го извести Собранието на Македонија за казната затвор, по што надлежната собраниска комисија ќе мора да се состани и да му го укине или не имунитетот на пратеникот Никола Груевски, по што тој ќе подлежи на законските казнени мерки.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести