СМК ја осудува верската нетолеранција и омраза како повод за терористичките напади во Виена.

Објавил: Владо Марин | 3 ноември, 2020 8:22

ОСУДА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ И ЗАЛОЖНИЧКАТА ДРАМА ВО ВИЕНА

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

3 ноември 2020 година, Виена, Австрија – Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува терористичките напади во близина на градската Синагога и заложничката драма во ресторан во Виена, при што се убиени и ранети повеќе лица.

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, се молат за душите на убиените и за здравје на повредените.

Македонците по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во светот и татковината, изразуваат солидарност со Австрискиот народ.

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ги осудува терористичките напади во близина на градската Синагога и заложничката драма во ресторан во Виена, при што се убиени и ранети повеќе лица.

СМК упатува искрено сочувство до семејствата на убиените и до австрискиот претседател, Александар ван дер Белен.

СМК изразува загриженост за терористичките напади и заложничката драма и верува дека полицијата ќе се пресмета со координираните терористички напади на повеќе локации во австриската претстолнина.

СМК ја осудува верската нетолеранција и омраза како повод за терористичките напади во Виена.

СМК очекува Македонската амбасада во Австрија да излезе со соопштение дека во овие терористички напади нема жртви Македонци, по род и државјанство, со работа и престој во Австрија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...