На разбојникот му биле прекршени правата, а судот во Стразбур и наложи на Словенија да му исплати обештетување од 80 000 евра

Објавил: admin@magazin | 31 август, 2018 15:19

Осуден за грабеж на банка во Словенија , добил четири пати поголемо обештетување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Литванецот Данас Визгирда е осуден во Словенија , каде од банка украл 20 000 евра. Тој ја тужел државата , бидејќи во текот на судењето не му обезбедиле преведувач на Литвански , туку на Руски јазик со што му биле прекршени неговите права.

Тој се жалел во судот во Стразбур , кој денеска пресуди во негова корист и и наложи на Словенија да му исплати обештетување од 80 000 евра.

Тој за грабежот на банката во местото Радољевица во Словенија бил осуден ан 8 години и 4 месеци затвор и во меѓувреме ја издржал казната. Најпрвин постапка за акршење на неговите права покренал пред словенечките судови , з апотоа да се обрати во Стразбур.

Словенија треба да му плати и 2 500 евра за судски трошоци. При гласањето во донесувањето на пресудата, петмина судии биле на страната на Литванецот , додека судијата од Австрија и од Словенија биле против

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.