Добитник на Нобеловата награда за литература, обвинет за неколку силувања пред седум години, скандал кој ја тресе Шведската академија на науките и уметностите

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 6:13

Осуден човекот поради кого годинава нема Нобелова награда за литература

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Судот во Стокхолм под обвинение за силување го осуди на две години затвор Французинот Жан Клод Арно, поради кого годинава нема да биде доделена Нобеловата награда за литература.

Арно беше осуден по две точки од обвинението за силување жена пред седум години.

Окружниот суд објави дека пресудата е едногласна. Арно ги отфрли сите точки од обвинението.

Неговата сопруга, поетеса и членка на Шведската академија, Катарине Фростенсон, и уште петмина други членови на Академија, поднесоа оставка поради скандалот.

Французинот Арно порано бил задолжен за настан што делумно го финансирала Шведската академија.

Оттаму одлучија за една година да го одложат доделувањето на наградата за литература со цел да се обезбеди време за внатрешни реформи во институцијата и именување  нови членови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.