Јавното обвинителство денеска соопшти дека се доставени вкупно 66 барања за амнестија, согласно Законот за амнестија, од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Објавил: Македонка Димкин | 27 декември, 2018 22:50

Отворањето на врата секогаш се исплатува, Мукоски и друштво помилувани!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин.мк

Претседателот на кривичниот совет Иван Џорлев вечерва во живо од емисијата 24 анализа ги соопшти првите дванаесетмина помилувани со новиот закон за амнестија. Опозициската ВМРО -ДПМНЕ исто така поднесе амандман за амнестија поврзано со настаните од 27 април но тој беше експресно одбиен со образложение дека сакаат да ги амнестираат криминалците.

Досега 12 лица обвинети од предметот „27 април“ имаат добиено решение за амнестија согласно Законот за амнестија а тоа се пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, вработените во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието Елена Божиновска и Иван Цветановски, обвинетиот Захарије Симовски, браќата Стефан и Михаил Младеновски, Митре Питроповски, Илија Славевски и Јохан Тарчуловски.

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се доставени вкупно 66 барања за амнестија, согласно Законот за амнестија, од страна на Основниот суд Скопје 1 Скопје. Од нив во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција пристигнале 29 барања, а до овој момент е дадено позитивно мислење за 12. Во Основното јавно обвинителство Скопје, пак, пристигнати се 37 барања за амнестија.
По нивното разгледување, ќе биде доставено соодветно мислење до судот, се наведува во соопштението на Јавното обвинителство.

Обвинителството не е врзано со рок за произнесување по барањата.

Нејасно е само кој се ќе се омрси од новиот закон за помилување ако законот се спремаше само за обвинетите поврзан со случајот 27 Април и ако се знае дела вкупно обвинети беа  30 лица а според информациите поднесени се вкупно 66 барања?


27. март 2018

Обвинителството поднесе обвинение против 30 лица за настаните кои се случија на 27 април кога беше извршен упад во Собранието и беа нападнати пратеници, новинари и собраниски службеници.
Од вкупно 35 осомничени, обвинението е поднесено против 30 лица, од нив 28 се обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а двајца се обвинети за помагање при вршење на ова кривично дело.

За четири лица постапката е прекината, бидејќи не се достапни за органите на прогонот, но по нивно пронаоѓање постапката ќе продолжи. Исто така, за едно лице, односно за пратеничката Жаклина Пешевска, постапката е запрена бидејќи немало докази дека сторила кривично дело.

Јавниот обвинител, Љубомир Јовевски рече дека обвинетите го загрозиле уставниот поредок со насилство и создале чувство на несигурност и страв.


19. ноември 2018

Во Кривичниот суд во Скопје денеска продолжува судењето за случувањата на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.

На обвинителната клупа се Љубен Арнаудов, Сашо Василевски, Крсто Мукоски, Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Митко Чавков, Митко Пешовски, Душко Лазаров, Горан Јошевски-Леви, Оливер Поповски, Оливер Радулов, Сашко Марковски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Елена Доцевска-Божиновска, Иван Цветановски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски-Бетмен, Владо Јовановски, Игор Дурловски, Стефан Младеновски, Михаил Младеновски, Захарие Симовски, Младен Додевски, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Игор Југ, Илија Славески, Влатко Трајков, Вилијам Михајловски, Никола Митревски-Кољо, Александар Василевски-Нинџа и Митре Питроповски.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.