Први на помош се вклучија исленици од Швајцарија и Германија

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2019 10:12

Отворена жиро-сметка за помош на дванаесетчленото семејство од Берово кое остана без покрив над глава

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Започна собирањето на парична помош за дванаесет членото семејство Мирчовски од село Русиново кое вчера остана без покрив на глава.

Први на помош се вклучија исленици од Швајцарија и Германија, помош даде Ване Воденски, татко на познатиот кик-боксер Кристијан Воденски, кои повеќе од 30 години живеат во Германија.

Пожарот се случил додека спиеле, во два часот по полноќ. Први на помош дошле соседите, каде и семејството Мирчовски ја поминало ноќта

Инаку хуманитарните организации почнаа да организираат групи за помош и апелираат до сите граѓани кои се во можност да помогнат на ова семејство, кое има четири малолетни дечиња. Парична помош е на прво место, но потребни се и храна, облека и се она што е неопходно за живот.

Во помошта за семејството се приклучија и Градежна механизација составена од вработени во јавното претпријатие „Услуга“ од Берово со тоа што помогнаа за расчистување на остатоците од куќата што целосно изгоре во пожарот.

Беровчани од денеска, своите донации можат да ги достават и во донаторски кутии во „Пакет Маркет“ во Берово, што вчера донираа прехранбени продукти и алишта за несреќното семејство. Граѓаните кои имаат желба да помогнат тоа можат да го сторат на трансакциска сметка на име Александар Мирчовски со број на сметка 200002693474846.

Инаку пожарот кој ги остави без покрив над глава семејството Мирчовски, се случил вчера околу 2 часот по полноќ, а прв го забележал Александар Мирчовски, кој навел дека пожарот започнал од подрумските простории.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.