По ова сведочење адвокатотот Александар Тортевски смета дека Јавното обвинителство треба веднаш да го повика Зоран Верушевски, пишува МКД.Мк.

Објавил: Весна Петровска | 26 септември, 2019 16:44

Откако се отвори Верушевски сите очи вперени во советникот на Заев,а Тортевски испрати порака до ЈО

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

По шокантното сведочење каде Зоран Верушевски изјави дека таканаречените бомби доживеале стравотна модификација и компромитирање по неговото лишување од слобода. Ова признание најде на голема заинтересираност кај ѓраѓаните и стана топ тема во јавноста.

Граѓаните на социјалните мрежи прашуваат дали Верушевски кој е советник на премиерот Зоран Заев за национална безбедност со неговата изјава потврди дека бомбите се манипулирани со единствена цел да се предизвика политички удар врз претходната Влада.

Во сведочењето Верушевски појасни дека разузнавачот Ѓорѓи Лазаревски не му предал нему никакви материјали и дека одговорноста за материјалите била на партијата. Тој додаде и дека исказот на Ѓорѓи Лазаревски пред Обвинителството за случајот „Пуч“ бил целосно невистинит.

Сега се наметнува прашањето дали изјавата на Верушевски во сведочењето пред судот за „Таргет – Тврдина“ за модифицирање и компромитирање на „бомбите“, ќе влијае врз постапките што ги водеше СЈО, а ги презеде и сега ги застапува редовното обвинителство.

Според обвинителката Фатиме Фетаи неговото сведочење нема да има влијание бидејќи прислушуваните материјали како доказ се признати и поткрепени со материјални и вербални докази. Според неа, изјавата на сведокот Верушевски нема да влијае на автентичноста на овие докази, ниту на постапките што се водат во врска со нив.

Сепак, јавноста со нетрпение го очекува 10 октомври кога Верушевски треба да го продожи својот исказ пред судот на следното рочиште кога би требало да биде испрашуван од страна на одбраната во случајот „Таргет-Твредина“.

По ова сведочење адвокатотот Александар Тортевски смета дека Јавното обвинителство треба веднаш да го повика Зоран Верушевски, пишува МКД.Мк.

Адвокатот Александар Тортевски вели дека Јавното Обвинителство веднаш треба да го викне Верушевски за да даде исказ

– Треба Верушевски да каже на кои снимени разговори мислел кога рекол дека се модифицирани и тоа треба сериозно да се провери. Обвинителството треба да го соочи со Лазаревски и со Костовски.

Доколку се утврди дека во претходната постапка, во предистрагата, Верушевски кажал нешто сосема спротивно, тогаш треба да му се покрене постапка за лажно сведочење – вели Тортевски и прашува зошто Верушевски досега молчел.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести