- После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба”, додаде Забрчанец.

Објавил: Весна Петровска | 28 ноември, 2019 17:35

Откриен хибриден напад: Заев разговарал со лажна Грета Тунберг

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Разоткриен нов хибриден напад врз кабинетот на премиерот Заев. Лица кои се претставиле како младата еко активистка Грета Тунберг пред неколку дена оствариле телефонски контакт со Заев кој самиот се посомневал во идентитетот на соговорничката, но сепак решил да заврши разговорот. Настанот во јавноста денекса го откри неговиот советник Маријан Забрчанец, објави Сител

– Веднаш после завршениот разговор, ги направивме сите проверки за верификација на идентитетот на соговорниците, и денес со сигурност можеме да кажеме дека разоткривме хибриден напад врз кабинетот на премиерот. овој случај на хибриден напад е многу пософистициран од случајот со руските пранкери, но внимателната комуникација овозможи да биде разоткриен и разобличен, вели Забрчанец.

Од Владата не откриваат делови од разговорот. Забрчанец вели дека овие хибридни напади имаат за цел да ги исплашат отоворените општества, но дека македонската влада нема да отстапи од зацртаните цели.

– После разоткривањето, стапивме во контакт со семејството на Грета, ги известивме за сите детали, ги известивме дека ќе објавиме во јавност, а од таму добивме одговор дека и тие се многу вознемирени од ваквите вести, дека ќе пријават за злоупотребата до надлежните органи, и дека се многу благодарни што сме ги информирале за оваа злоупотреба”, додаде Забрчанец.

Премиерот Заев и во јули годинава беше мета на руските пранкери кои објавија три телефонски разговори претставувајќи се како украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. Дека телефонските разговори не се автентични разузнавачките служни тогаш дознаа откако беа објавени јавно.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.