Денот за струмичани започна со известување на акушерското одделение дека без венчаница нема породување

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 13:27

Отстрането известувањето за породување со венчаница во Струмица

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов вели дека скандалозното известување во болницата со кој се бара родилките задолжително да носат извод од венчани пред породување е отстранет.

“Лани тогашниот министер за здравство Таравари даде “Мој термин” за новородени деца да има лична карта и извод од матична служба. Текстот не е таков каков што е напишан таму на натписот – некоја сестра од aкушерско го напишала така и го залепиле да има известување. Не ме прашале мене како да биде текстот. Тие што го напишале натписот – не се во право.

Тоа требало да биде интерно во самото одделение. Тие ги бараат тие документи секако – матична служба бара да се пушти на време раѓањето на детето – два до три дена максимум да се поднесе пријавата до матичната служба. Ама текстот што е даден не е така напишан како што е во законот – законското решение. Тие произволно така го ставиле. Ако има извод во ред – ако нема нема – тоа никогаш не било пречка. Прво раѓањето – па потоа луѓето ќе си ја вршат работата.” – изјави Гогов.

Гогов додава дека ниедна родилка што била дојдена во болницата не била вратена. Досега немало таква реакција некој да отишол и да се пожали оти такво нешто се случило.

Од Министерството за здравство исто така потврдија дека натписот бил отстранет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...