Култното кафуле „Mezzo forte“ и денес живее во сеќавањето на Охриѓани а посебно кај Игор Кичеец братот ма Сашо

Објавил: Македонка Димкин | 5 јули, 2018 21:26

Охрид се сеќава на Сашо Кичеец и легендарното „Mezzo forte“

Фото/Текст извор: ©Ohridnews

Денеска, 5 јули, се навршуваат десет години од смртта на Сашо Кичеец, познат адвокат, легендарен охридски угостител и еден од основачите на култното кафуле „Mezzo forte“ кое, започна со работа на летен Св. Наум пред точно 30 години.

Сашо Кичеец, човекот со исклучителен шарм и бескрајна насмевка, остави голема трага во градскиот живот, а „Mezzo forte“ создаде неизбришливи спомени кај генерации охриѓани. И ден денес со емоции се прераскажуваат незаборавните забави од 1990-тите години во „Mezo forte“, чиј заштитен знак беше Сале Кичеец.

Еснаф во вистинска смисла на зборот, кој колегите кафанџии ги почитуваше како гостите во „Mezzo forte“, кое на многумина им беше втор дом, затоа што го чувствуваа како свое.

Новите времиња носат нови трендови, се менуваат генерации и навики, но споменот на Сашо Кичеец не бледнее, останува да живее во сеќавањата на охриѓани кои со доза на носталгија се присетуваат на едни убави времиња.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.