Засега се уште нема одговор од Ковакс преку кој механизам Македонија очекува 833.000 вакцини. Уште 800 000 Министерството договорило со Фајзер а 200.000 е количината за која преговараат со Синофарм.

Објавил: Мирко Бачиќ | 30 јануари, 2021 21:03

Охриѓанецот кој починал со новата мутација на Ковид-19 имал 46 години, од кога британскиот сој се шири низ земјава

Фото/Текст извор: ©сител/магазин.мк

Првата жртва на британската мутација во земјата е 46 годишен маж кој имал и претходни хронични заболувања и починал на 8 јануари. Кај него и уште кај еден пациент кој веќе е на домашно лекување вчера во генетската лабораторија во Клиниката Жан Митрев во примероците откриле дека го имаат заразниот сој а истиот тим пред неколку дена објави и за првиот случај во Македонија кај кого беше потврден мутираниот вирус а кој имал позитивен тест на Ковид 19 уште во декември минатата година.  Ниеден од тројцата мажи не патувале во странство, пишува Сител!

Сите контакти се локални во рамките на нивнтоо движење, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Колку во земјата е проширена британската мутација ќе проверуваат во лабораторијата на МАНУ. Веќе земаат примероци од кластерот на Нефрологија каде бројот на заразени се искачи на 29 а заразени има и меѓу пациентите кои одат на дијализа.

Здравствените власти велат дека вирусот на клиниката најверојатно е донесен од надвор и засега нема потреба од посебни мерки во оваа установа која од вчера веќе не е ковид центар. Министерот за здравство не ја исклучува можноста да дојде до влошување на состојбата поради британскиот сој и затоа повика на внимателност.

Можно е оваа мутација да е присутна во последните неколку недели кога имавме една права линија на бројот на новозаразени, но сепак  нема влошување на епидемиолошката состојба. Меѓутоа, се уште не е исклучена можноста од тоа и затоа мора да бидеме внимателни и сите мерки остануваат на сила како и досега, вели Филипче.

Според бројни студии вакцините штитат и од новите мутации, но во нашата земја се уште не е пристигната ниту една доза од ниту еден производител. Филипче оптимистички како и вчера потврди дека во февруари ќе стигнат вакцини и имунизацијата ќе почне.

-Во крајна фаза се преговорите со кинески Синофарм. Од Фајзер побараа уште еднна дополнителна документација и со нивното претставништво во Белград комунициравме и очекуваме наредната недела да ја добиеме драфт верзијата од договoрот, вели Филипче.

Засега се уште нема одговор од Ковакс преку кој механизам Македонија очекува 833.000 вакцини. Уште 800 000 Министерството договорило со Фајзер а 200.000 е количината за која преговараат со Синофарм.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...