Градоначалникот на Охрид - Јован Стојаноски никаде го нема да го реши проблемот кој го создаде сам

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 јули, 2018 7:07

Охриѓани сами ја отстранија рампата на Горна Порта

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во Охрид во екот на туристичката сезона граѓаните на Стари град се соочија со проблем кој го создаде поставувањето на електрична рампа за наплата која никако да профункционира исправно а беше идејно решение на градоначалникот Јован Стојаноски.

Иронијата да биде поголема Стојаноски докторирал на битолскиот Универзитет на тема “Специфични маркетинг стратегии за влез и настап на меѓународните туристички пазари” од што би се очекувало да ја разбере проблематиката.

Граѓаните побара негово присуство на терен за и самиот да ги согледа проблемите со кои се соочуваат жителите на населбата Стари град и дека неговото решение не помогнало да се намали фрекфентноста на возила – напротив направило хаос и сообраќаен метеж.

Нервозата кај охриѓани кулминирала синоќа кога возило на Брза помош не можело да влези во Стари град поради рампата по што медицинскиот тим бил приморан пешки да оди до пациентот.

По ова во текот на ноќта граѓаните кои живеат во оваа населба сами ја демонтираа рампата без да ја оштетат со порака до градоначалникот дека ако ја врати назад тие повторно ќе ја тргнат.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.