Инаку во Албанија според надлежните национални институции само во последниот месец се регистрирани над 1.000 земјотреси од кои пет со посилен интензитет

Објавил: Мирко Бачиќ | 13 август, 2018 8:56

Оштетени над 200 куќи по земјотресите во Албанија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Повредени нема но оштетени се над 200 куќи по вчерашната серија земјотреси во Албанија кои го погодија источниот регион на земјата. 

Според албанските надлежни институции најмногу штети на објектите има во општините Бурел – Клос и Пешкопеја кои се во близина на границата со Македонија кај Дебар.

Албанските медиуми јавуваат дека голем број од жителите на наведените населени места ноќта ја минале под отворено небо.

Епицентарот на земјотресот беше 10 километри од градот Бурел и истиот имаше сила од 5.1 степени според Рихтер.

Земјотресот беше регистриран и во Македонија – Косово – Црна Гора и Грција.

Синоќа во Албанија е забележан уште еден помал потрес во јужниот дел од земјата.

Инаку во Албанија според надлежните национални институции само во последниот месец се регистрирани над 1.000 земјотреси од кои пет со посилен интензитет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.