Богоевски го лоцира виновникот

Објавил: Узунов Бобан | 29 мај, 2019 17:05

Павле Богоевски: Груевски ми ја намести снимката !

Фото/Текст извор: ©магазин

Објавувањето на снимката има за цел да се направи политичка штета на владејачката структура за ВМРО-ДПМНЕ да се врати на власт.

Ова го вели Павле Богоевски за Фокус, за снимката која излезе за него, за која тврди дека нарачува масло од канабис.

– Профилите од кои беа објавувани снимките, локацијата која стоеше зад објавувачот, поточно Будимпешта, како и порталите кои први се нафатија да ја објават и да ја шират, ми укажува на тоа дека опозициски структури стојат зад оваа снимка. Има луѓе кои работат за Груевски. Не мора лично тој да е, но дека е од луѓе кои ја имале седницата за мандатот на Груевски на ум кога ја објавувале снимката не се сомневам, вели тој.

Инаку, претходно на Фејсбук Павле реагираше и за седницата за одземање на мандатот на Груевски.

Комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања го изгласа Предлогот за одземање на мандатот на никола груевски.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа, иако беа присутни во салата. Останува да видиме дали доволен број од нив ќе имаат сила да се одречат од својот пастир на пленарната седница, каде се потребни 80 гласа ЗА одземање на мандатот на почесниот претседател во бегство.

Според Деловникот, за мандатот  треба да се расправа на наредната пленарна седница. Писмото за престанок на мојот мандат ќе го заверам во службите по гласањето, без разлика на исходот.

Збогум Никола, напиша Богоевски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.