Пановски останува на ставот дека масовните собири во внатрешни простории се оние што прават кластери, т.н. биолошки бомби и ширење на болеста.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 септември, 2020 22:04

Пановски: Градинките требаше да се отворат уште во мај

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Д-р Никола Пановски, професорот на Медицинскиот факултет кој уште од почетокот на пандемијата јавноста го запозна со неговите совети за справување со истата.

Имено тој денеска во вклучување во дневникот на Канал 5 ТВ изјави дека градинките требаше да се отворат уште во почетокот на мај, бидејќи според него ситуацијата со Ковид 19, не е подобра од претходно.

-Ако веќе се отвораат, дека не гледам сега нешто дека состојбата е полоша или подобра од претходно. Ризик секогаш постои. Знам дека Кризниот штаб и Комисијата за заразни болест имаат страв од родителите. Кога одат децата во градинка, 90% од нив се заразуваат, па никому ништо, вели Пановски.

Пановски останува на ставот дека масовните собири во внатрешни простории се оние што прават кластери, т.н. биолошки бомби и ширење на болеста.

-Училиштата требаше да се отворат многу порано, а за прво одделение и прва година средно со физичко присуство, за да се запознаат со наставниците. Сепак, ова е тотална неподготвеност и плус со тоа кога ќе ја додадете и одлуката за враќање на работа на хронично болните лица, изјави Пановски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести