Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Панчевски е осомничен од СЈО дека го минирал АКМИС системот и дека своерачно делел предмети кај пристрасни судии

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 октомври, 2018 8:30

Панчевски: Пресумцијата на невиност не важи за СЈО

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот претседател на Основниот суд Скопје 1, Владимир Панчевски, осомничен во Обвинителството за злоупотреба на АКМИС системите, со став дека за СЈО не важи пресумцијата на невиност.

За работењето на СЈО, Панчевски вели – пресумпција на невиност нема во Република Македонија.

Недозволено е јавно објавување на предистражна постапка – разочарувачки било тоа што се случува во Македонија каде на секој чекор се кршат правата. Од медиумската спектакуларност што се давала на одредени ситуации се гледало дека постои политичка позадина.

Интересно било и тоа што институциите за човекови права не се интересираат за овие ситуации.

За тоа што СЈО влезе во кабинетот на Панчевски и го сомничеа дека одавал службена тајна, Панчевски вели:

Tивок бунт за кој излезе дека е со политичка позадина, мобинг кој не постоеше, тоа беше хајка којашто се водеше за мене. Една година се врши вештачење на два мобилни телефони и два компјутера. Не сум бил никогаш член на политичка партија, имав несреќа да бидам избран меѓу двајцата кандидати, за секоја година од мојата работа сум направил многу. – вели судијата.

За местење судења и лажирање тој вели дека никогаш немало ниту пак било возможно со АКМИС системот.

За двете кривични дела за кои се товари тој вели:

Товарот е дека сум влијаел при распоредувањето на предмети на пристрасни судии. Кои се тоа пристрасни судии? Одлуките се донесуваат по тежина, по бројот на предмети, приоритет на предмети, кои пак се распоредуваат на електронски начин. Управувачки одлуки секогаш морало да има.

* АКМИС или Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (Automated Court Case Management Information System – ACCMIS, АКМИС) е името на информацискиот систем кој се користи во судската власт на Република Македонија.

Во употреба е од 2009-та година. Изработувач на системот е компанијата „Едусофт“ од Скопје.

Системот овозможува: Заведување на судските предмети, автоматска распределба на предметите по судии, движење на предметите, управување со документи (пресуди, записници, наредби, писма, покани, доставници), заведување на жалби и вонредни правни лекови, создавање складиште на статистички податоци за евалуација на судиите и заведување на надворешни фајлови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.