Папата Франциско им оддаде почит на Евреите, кои биле убиени од страна на нацистите но и жртвите на советскиот КГБ, настани од најмрачните периоди од литванската историја

Објавил: Мартин Попоски | 24 септември, 2018 8:27

Папата во Литванија им оддаде почит на жртвите на нацистите и на КГБ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Папата Франциско им оддаде почит на Евреите, кои биле убиени од страна на нацистите и жртвите на советскиот КГБ, за време на посетата на два меморијални центри подигнати во чест на најмрачните периоди од литванската историја.

По повод 75-годишнината од воената ликвидација во гетата во Вилнус, Франциско се помоли пред едноставниот камен споменик за 200.000 литвански Евреи убиени во земјата или во нацистичките концентрациони логори ширум Европа.

Кратко потоа поглаварот на Ватикан го посети блискиот Музеј на окупацијата и борбата за слобода, поранешен подрумски затвор на КГБ, каде Литванците кои биле сметани за непријатели на Советскиот Сојуз биле измачувани пред да бидат испратени во работничките логори на Сибир или погубени.

Папата се помоли и запали свеќа во собата на чии ѕидови има фотографии на католички свештеници и бискупи кои биле убиени или мачени во тој затвор.

Потоа тој влезе во собата за егзекуции во која биле убиени повеќе од 1.000 луѓе за време на советскиот период, а речиси 50 лица биле убиени во само една ноќ.

Затворов, рече папата, потсетува на тага и огорченост, беспомошност и напуштеност, суровост и бесмисленост кои Литванците ги преживеале од нескротливата амбиција на агесорот, која понекогаш го скаменува и заслепува срцето.

Откако Литванија се одвоила од Советскиот Сојуз во 1991 година, телата на речиси 800 лица убиени во тој затвор биле пронајдени во масовна гробница во Вилнус.

“Ова беше голгота на нашиот народ и искушение за нашата вера.” – рече 79-годишниот бискуп Сигитас Тамкевичиус, кој бил затворен таму во 1983 година, по што минал шест години во советските работнички кампови. Тој беше во придружбата на папата при обиколката на затворот.

Советските власти убиле речиси 70.000 Литванци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести