Папата Франциско со историски толкувања на крајот од неговата посета

Објавил: Узунов Бобан | 8 мај, 2019 22:19

Папата Франциско: Светите браќа Кирил и Методиј биле Грци !

Фото/Текст извор: ©магазин

На официјалниот сајт на Ватикан, vaticannews.va, под наслов “Спомени од патувањето во Бугарија и Македонија” папата Франциско даде свои објаснувања од историски, култоролошки и религиозен аспект за двете земји.  

На официјалниот веб сајт на Ватикан објавено е дека Папата ги споменал и браќата Св. Кирил и Методиј, евангелизатори на Бугарија. Тие беа од грчко потекло, но тие “ја користат својата култура креативно да ја пренесуваат христијанската порака до словенските народи“, рече папата Франциско. “Дури и денес има потреба од страсни и креативни евангелизатори”, додаде тој, “за да може Евангелието да ги достигне оние што сеуште не го познаваат и повторно да ги наводнуваат оние земји каде што стариот христијански корени се пресушија”

Запрашан од новинарите во авионот на летот назад кон Ватикан кои се неговите впечатоци од посетата на Мaкедонија и Бугарија, папата Франциск прецизно ќе објасни дека тоа се две крајно различни земји. Бугарија, според него, е држава со вековни традиции, додека Македонија има вековни традиции, но е млада држава и има „млад народ”.  

За односот на Македонија со Мајка Тереза, Папат Франциско ќе споменал дека Мајка Тереза е родена во Скопје, денеска главниот град на Македонија, и дека во оваа мала но силна жена се гледа “сликата на Црквата во таа земја”.  

Во текстот се вели дека интенцијата на Папата со неговата посета била да го поддржи “традиционалниот капацитет на Македонија да биде домаќин на различни етнички и религиски врски како и посветеноста на земјата да прима и помага на голем број на мигранти и бегалци”. 

Престижниот американски весник Њујоркк тајмс ја објасни дека со посетата на Папата Македонија  добила уште еден сигнал дека речиси три децениската изолација се доближува до својот крај. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.