Исто така таа тврди дека хонорарот пристигнат на сметката на Лилјана Тодоровска, еден од координаторите и идеен творец на проект, веќе била цел на истрага од Финансовата полиција и Обвинителството по што се утврдило дека транскацијата е во рамките на позитивните законски прописи и истрагата била сопрена.

Објавил: Весна Петровска | 6 август, 2019 15:36

Парите како дошле така заминале – невладината на Боки 13 нема пари

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

– Меѓународниот сојуз стапи во соработка и склучени се договори со две реномирани домашни друштва. На тој начин за прв пат во земјава е создадено приватно невладино партнерство. Паричните средства стигнати на сметките на координаторите на проектите се искористени исклучиво за остварување на целите на Меѓународниот сојуз и исполнување на договорите склучени со партнерите. – пишува во соопштението на Јасна Ерцеговиќ.

Невладината на Боки 13 ги потрошила парите од компаниите

Исто така таа тврди дека хонорарот пристигнат на сметката на Лилјана Тодоровска, еден од координаторите и идеен творец на проект, веќе била цел на истрага од Финансовата полиција и Обвинителството по што се утврдило дека транскацијата е во рамките на позитивните законски прописи и истрагата била сопрена.

Временското доцнење во остварувањето на целите на МС, според Ерцеговиќ, е исклучиво од објективни причини, а никако по вина на кооординаторите.

– До денеска никој од Меѓународниот сојуз не е повикан од органите на прогонот за никакво незаконско работење. – вели таа.

Пензионерката со идеја Лилјана Тодоровска пак за Телма обвини дека е ограбена и во краткиот телефонски разговор со новинарот од Телма изјавила дека планира да пријави дека е ограбена.

„Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет презема истражни дејствија за утврдување на фактите и кривичната одговорност. Притоа, се следат сите информации што во врска со предметот ги објавуваат медиумите. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена“, велат од обвинителството.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.