Изјавата на министерот за надворешни работи на Косово, Пацоли, наиде на остри реакции дека во регионот повторно се создаваат тензии од изолирани случаи на насилство

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 септември, 2018 10:50

Пацоли: Во Србија е нападнат косовски автобус

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Автобус кој сообраќал од Германија за Косово е каменуван синоќа додека минувал низ Србија, јавија медиумите во Приштина, повикувајќи се на информации добиени од патниците на автобусот.

На автобусот, кој сообраќа на релацијата Келн – Приштина и кој превезувал главно Косовци кои живеат во Германија, му е скршено предното стакло, но нема повредени патници.

Приштинските медиуми објавија и фотографии испратени од патниците во автобусот.

По објавувањето на информацијата за каменувањето на автобусот, реагираше шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, кој побара од надлежните органи во Србија да им обезбедат заштита на луѓето кои се на пропатување низ државата.

Пацоли им порача на српските безбедносни институции „да се угледаат на професионалноста, посветеноста и одговорното однесување на полицијата на Република Косово кон сите државјани и граѓани во Косово“.

Нападот, со цврсти предмети, кој за среќа помина без повредени лица, што денеска се случи врз автобусот на една косовска компанија, додека транзитно поминуваше низ територијата на соседната држава Србија, е неприфатлив и треба итно да биде осуден од ЕУ, меѓународната заедница и самите институции на редот и законот во Србија, напиша Пацоли. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.