Генг рече дека Кина е жртва на епидемија, а не соучесник и дека обидите на некои политичари да ја сменат вината кон Пекинг, биле само индикативни за нивните проблеми.

Објавил: Катерина Крстиќ | 30 април, 2020 16:19

ПЕКИНГ МУ ОДГОВОРИ НА ТРАМП: Ваш непријател е вирусот а не Кина!

Фото/Текст извор: ©Kurir.rs / Tanjug, Foto: Profimedia

Кина нема интерес да се меша во претседателските избори во САД, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Генг Шуанг.

Републиканскиот претседател изрази верување дека Пекинг сака неговиот веројатно демократски противник, Џо Бајден, да победи на претседателските избори во САД во ноември.

“Претседателските избори во САД се внатрешна работа на таа земја и немаме интерес да се мешаме во тоа. Се надеваме дека САД нема да ја вклучат Кина во изборната политика”, рече тој, по изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Кина ќе стори сé што може за тој да изгуби на изборите.

Генг рече дека Кина е жртва на епидемија, а не соучесник и дека обидите на некои политичари да ја сменат вината кон Пекинг, биле само индикативни за нивните проблеми.

„САД треба да знаат: Непријателот е вирусот, а не Кина“, рече Генг.

Ваквата реакција на Генг следуваше по интервјуто на американскиот претседател за Ројтерс, каде изјави дека Пекинг се соочува со голем број можни последици од САД во врска со епидемијата, додавајќи дека Кина требаше да го извести светот за инфекцијата многу порано.

Сепак, Трамп кој водеше трговска војна против Кина не образложи како планира да постапи против Пекинг.

„Има многу работи што можам да направам. Ние испитуваме што се случи“, рече американскиот претседател, додавајќи дека Кина ќе стори се џза тој да изгуби на изборите.

Републиканскиот претседател изрази верување дека Пекинг сака неговиот веројатно демократски противник, Џо Бајден, да победи на претседателските избори во САД во ноември.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.