. Она што јас имам мала корелација, е дека ние во моментов во однос на приклучување кон НАТО сме на 24 од 29 земји членки кои го имаат ратификувано пристапниот протокол.

Објавил: Рејхан Бајрами | 20 октомври, 2019 20:07

Пендаровски задоволен по првиот дел од средбата: “Постигнат е консензус – сите лидери се за ЕУ”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На паузата од средбата претседателот Стево Пендаровски во изјава за медиумите рече дека од сите политички партии постои консензус Република Македонија што е можно поскоро да ги почне преговорите со Европската Унија.

Постигнат е консензус дека сакаме во ЕУ и не прифаќаме понуда поразлична од полноправно членство во ЕУ, а сега на ред е втората тема – предвремените избори, рече Пендаровски во изјава за медиумите после првиот дел од средбата.

“И после самитот во Брисел на кој земјава не доби датум за почеток на преговорите и покрај тоа што ги исполни сите услови, драго ми што сите лидери јасно кажаа дека ова е патот по кој треба да одиме. Никој нема проблем со новата методологија на Унијата” рече Пендаровски.

– Јас инсистирам на тоа дека мора да има консензус меѓу власта и опозицијата. Мојот првичен впечаток е дека таква согласност постои. Кај партиите на власт, кај премиерот и другите, не видов желба да го заобиколат тој пат на консензуално договарање за избори. Она што јас имам мала корелација, е дека ние во моментов во однос на приклучување кон НАТО сме на 24 од 29 земји членки кои го имаат ратификувано пристапниот протокол. Но, пона што треба да го знаеме и да го повториме, ја чекаме Шпанија има избори на 10 ноември, после тоа кога сите ќе ратификуваат има уште еден чекор. Треба ние да ратификуваме во нашиот парламент и им реков „ваша работа е договарајте се, но имајте го тоа предвид“.

Не би сакал, сега заради технички причини сега од наша страна, ова да се одложува зошто навистина мислам после долги години час поскоро треба да стане членка на НАТО и се надевам дека сите политички лидери ќе го имаат тоа предвид – рече Пендаровски.

Во претседателската вила на Водно, присутни се лидерите Зоран Заев и Христијан Мицковски, Али Ахмети, на БЕСА, Билал Касами, на Алијанса на Албанците, Зијадин Села и на Алтернатива, Африм Гаши. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести