ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудва нападот на телевизиските екипи на ТВ21

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 април, 2019 11:00

“Пендаровски и Заев се кријат зад насилниците кои шиканираат медиуми”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

ВМРО- ДПМНЕ, преку соопштение се обрати до граѓаните, повикувајќи ги на 21април да го спречат Заевизмот. Од опозициската партија остро го критикуваат нападот врз новинарите на тв21, и велат дека Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми.

Екипата на тв 21 била вербално нападната во вторникот во Арачиново, а ВМРО го осуди ваквиот чин

Слободните медиуми се нужност на секое општество. Власта вчера посегна по медиумите и оневозможи телевизиск екипа непречено да си ја врши својата работа. Тоа е преседан и недозволиво. Пендаровски и Заев не смеат да се кријат зад насилниците кои по нивна нарачка шиканираат медиуми. ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудва нападот на телевизиските екипи на ТВ21 истото е чин на примитивизам и не му доликува на македонското општество. Независното новинарство е придобивка на 21 век и власта не смее да се дрзне истото да го суспендира,стои во соопштението на опозициската партија.

Во соопштението стои дека Стево Пендаровски е се по нервозан.

На вчерашната дебата и самиот тој призна дека нема трпение, ваквата нервоза кај Пендаровски е поради се послабиот рејтинг и неминовниот изборен пораз. Соочени со поразот СДСМ тоне уште повеќе, па ангажира партиски членови кои од партиски собири се закануваат дека во ДИК ќе влезат со пиштол, а при тоа никаква реакција од безбедносните служби,додаваат од ВМРО.

Во соопштението стои дека Република Македонија е соочена со политизирани безбедносни служби. Токму затоа е потребно повторно воведување на принципите на правната држава и владеењето на правото.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.