Најнова информација е дека во 21 и 15 часот прес-конференција ќе одржи Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб.

Објавил: admin@magazin | 21 април, 2019 21:23

Пендаровски и Заев ја одложија прес-конференцијата

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во медиа центарот на СДСМ сè уште нема никој пристигнат од повисокото партиско раководство, иако беше најавено обраќање на консензуалниот кандидат за претседател Стево Пендаровски и на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Во салата е полупразно и меѓу новинарските екипи се забележуваат партиски членови кои следат резултати на мобилните телефони.

Во медиа центарот присутни се дел од претставниците на коалиционите партнери како што се Горан Мисовски НСДП, Самка Ибраимовски, Павле Трајанов од ДС, Владо Бучковски, Имер Алиу од ДПА. За сега никој не кажува информации за резултатите од изборниот процес, а најавената прес-конференција првично беше пролонгирана без објаснување и без најава за нов термин.

Најнова информација е дека во 21 и 15 часот прес-конференција ќе одржи Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб.

Инаку, кандидатот за претседател на државата од СДСМ и коалицијата Стево Пендаровски по гласањето во скопската населба Автокоманда изјави дека очекува мирен изборен ден, а на крајот убедлива предност.

Граѓаните според него нема да гласаат за индивидуален избор, туку за избор на концепт според кој Република „Северна“ Македонија треба да продолжи да се развива и да стане дел од евроатлантските структури.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести