На денешната трбина во Охрид Пендаровски рече дека со градењето на пријателства, ќе следат бројни економски придобивки за граѓаните.

Објавил: admin@magazin | 17 март, 2019 17:27

Пендаровски од Охрид: „Со мене ќе се гордеете како претседател„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Кандидатот за претседател на Република Македонија, Стево Пендаровски денес беше во посета на Охрид.

На денешната трибина во Охрид, Пендаровски рече дека со градењето на пријателства, ќе следат бројни економски придобивки за граѓаните.

Тој наведе дека конечно после 32 години имаме железничко поврзување со Грција и интензивно градење на пругата кон Бугарија. Пендаровски рече дека наскоро започнува изградба на автопат кој ќе не поврзе со Албанија, а веќе се гради автопатот кон Косово.

Со градење на одлични добрососедски односи, преку решавање на долгогодишните спорови Република Македонија стана држава пријател со соседите и демократскиот свет.

Кандидатот за претседател, Пендаровски посетата на бисерот, Охрид ја заокружи со средба со пензионерите.

-Не можеме да напредуваме ако останеме изолирани. Сите предизвици за мир, стабилност и подобар живот треба да ги водиме заеднички, бидејќи само така може да успееме. Со здружени сили Македонија ја претвораме од држава која решава политички проблеми, во силна и отворена земја со која сите се гордееме.

Македонските граѓани со својот претседател ќе бидат лидери на балканското пријателство, на еден Европски Балкан.

Јас ќе бидам таков претседател, кој ќе обединува, кој ќе води напред, кон ЕУ, кон НАТО, кон пријателства и нови европски вредности на Балканот, во интерес на сите наши граѓани, рече Пендаровски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.