Рано изутринва се случи голема Трагедија.

Објавил: admin@magazin | 7 јули, 2018 10:52

Пејачот Влатко Илиевски утрово пронајден мртов

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Пејачот Влатко Илиевски (33) бил пронајден мртов во неговиот автомобил „Тојота“, на улицата „Трета Македонска Бригада“ во Скопје, синоќа околу 23 часот, информираат од МВР. Засега нема информации за причините за смртта.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Влатко уште на возраст од дванаесет години почна да учи да свири на гитара и да настапува во локалните бендови во Скопје.

Влатко Илиевски ( роден на 2 јули 1985 година во Скопје, тогашна Југославија) е македонски пејач и телевизиски презентер. Тој беше член на на рок-бендот МОРАЛ . На македонските прелиминарни избори за натпреварот за песна на Евровизија 2010, го освои второто место. Влатко беше претставник на Македонија на  ЕУРОВИЗИЈА во Дизелдорф во 2011 година. Веќе во 2005 година тој исто така како пратечки вокал настапи заедно со Мартин Вучиќ на Евровизија.

Во 2000 година, македонскиот рок бенд Морал му понуди на  Илиевски да пристапи кон бендот, кое тој со задоволстсво го прифати. Во периодот Помеѓу 2001 и 2003 година, групата сними неколку песни и албум со наслов “КОГА ПАТУВАМ “. Бендот постана популарен во моментот кога настапија како предгурпа на „ Deep Purple„ на концертот во Скопје во 2005 година.

Во 2007 година Илиевски започна со промовирањето на својата соло кариера со објавување на голем број на различни наслови и се појави во неколку македонски музички фестивали.

Во 2010 година, на СОНГКОНТЕСТОТ за Евровизија, Илиевски имаше исто гласови со Ѓоко Танески, но правилата во овој случај беа дека победи кандидатот , кој има добиено повеќе гласови од жирито. Со тоа Танески тоа беше избран са претставник на Македонија во во Осло во 2010 година.

Една година подоцна, Илиевски, сепа успеа со песната Rusinka на Скопскиот фестивал 2011 година да победи против 19 натпреварувачи,и со тоа песна на 12 мај 2011 година да замине на натпреварот на Евровизија во арената Дизелдорф .Тој сепак не успеа да се квалификува во финалето.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.