На денешен ден пред една година почина младиот пејач Влатко Илиевски.

Објавил: Весна Петровска | 6 јули, 2019 20:07

ЕДНА ГОДИНА БОЛКА И ТАГА: Марјана Станојковска со емотивна посвета за Влатко Илиевски

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Една година тага и болка за семејството и пријателите на нашиот македонски пејач Влатко Илиевски.

На денешен ден пред една година почина младиот пејач Влатко Илиевски.

Непосредно по неговата смрт се појави спотот на песната „До крајот“ кој е снимен пред две години, а Влатко ја чувал за некое друго време.

Неговите колеги и фановите со неверување ја примија лошата вест. Неговите песни засекогаш ќе останат спомен за симпатичното момче кое замина прерано.

За потсетување, Илиевски беше пронајден мртов на 6-ти јули 2018-та година, вечерта во својот автомобил во Скопје.

Според извештајот во крвта и организмот на Илиевски биле најдени јаки опојни дроги од кои најсилна кокаин. Но исто така имало и други послаби наркотици и алкохол. Сето тоа довело до предозираност на организмот поради што престанало да работи срцето.

Резултатите се испратени до обвинителството кое треба да постапува по овој случај. Како понатаму ќе се одвива истрагата останува да кажат од обвинителството со оглед дека и според луѓе вклучени во истрагата во неговиот автомобил биле пронајдени траги на наркотици.

Маријана Станојковска и Влатко Илиевски беа неразделни пријатели кои имале убави и среќни моменти заедно.

Лото девојката сподели емотивен статус за нејзиниот најдобар пријател.

Една година помина…. Се уште не можам да поверувам и не сакам да поверувам … Фалиш Влатче и засекогаш ќе недостасуваш, напиша Марјана Станојковска.

Исто така во јавноста Марјана и Влатко Илиевски им беа познати како првиот водителски пар на естрадниот магазин „Бекстејџ“.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести