Немало средба Заев-Мицкоски, ќе се одело на предвремени парламентарни избори со цел промена на името и идентитетот

Објавил: Данаил Михајловски | 2 октомври, 2018 21:17

Плус инфо пишува, власта оди на избори – Народот, #Бојкотирам, Левица, ВМРО-ДПМНЕ и сите останати викаат ќе ве згазиме…

Фото/Текст извор: ©Плусинфо/Магазин.мк

Премиерот Зоран Заев најверојатно нема да се сретне со опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во врска со уставните измени за Договорот од Преспа, со што речиси е извесно дека излез од постреферендумската криза ќе се бара во предвремени парламентарни избори, брифира за Плусинфо висок владин функционер.

Според него, Заев и СДСМ немаат намера да ги убедуваат Мицкоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните амандмани, особено по децидните ставови на опозицискиот лидер и пратениците дека нема да дадат поддршка за амандманите, како и по испорачаните услови од опозицијата за нов опозициски јавен обвинител, анкетна комисија за референдумските нерегуларности и Пржинска влада со целосен мандат.

Немаме намера за средба помеѓу Заев и Мицкоски. Подготвуваме избори затоа што нема изгледи ништо да се направи во парламентот – вели за Плусинфо висок функционер од Владата.

Целиот текст можете фа го прочитатете на плусинфо

А во продолжение ви пренесуваме коментарот на движењето БОЈКОТИРАМ а се однесува на натписот на Плусинфо:

Едно треба да им биде јасно на сите. На власта, на сите мегафони и нивни сателити, ние движењето БОЈКОТИРАМ, НАРОДОТ МАКЕДОНСКИ, ВМРО-ДПМНЕ, ЛЕВИЦА, ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА И СИТЕ НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИИ КОИ ГО БОЈКОТИРАВМЕ РЕФЕРЕНДУМОТ ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ ВЕ ЗГАЗИМЕЕЕЕЕ, повелете на избори БУЈРУМ, реагираат од БОЈКОТИРАМ на ексклузивниот натпис на плусинфо.

#БОЈКОТИРАМ

#БОЈКОТИРАМПРОМЕНАНА ИМЕ

#БОЈКОТИРАМЗАИДНИНАТА НА СИТЕ ПОКОЛЕНИЈАНАИЗМАНИПУЛИРАНИТЕМАКЕДОНЦИ

#ОБЕДИНУВАЊЕ

Длполнителен коментар: Овие сеуште не ја сватиле моќта на интернетот и социјалните мрежи… Движењето бојкотирам е вируелно движење и истото го сруши референдумот за промена на името, а исто така ќе ја сруши и актуелната власт.

#Бојкот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.