Здрава напивка што ги отстранува штетните маснотии од телото

Објавил: Македонка Димкин | 27 мај, 2018 20:58

Победете го лошиот холестерол

Фото/Текст извор: ©Убавиназдравје

Прочитајте како да го намалите нивото на холестерол и да се заштитите од сериозни заболувања со помош на оваа напивка.

Постои разлика помеѓу добриот холестерол и лошиот холестерол чие зголемено ниво во крвта предизвикува заболувања на срцето и крвните садови. Но, можете да се изборите со штетниот холестерол доколку направите правилен избор на прехранбени производи. Грејпфрутот е апсолутен победник кога се работи за борбата со холестеролот, бидејќи освен големата количина на витамин Ц содржи и пектин кој во комбинација со витамини го намалува холестеролот и ги штити крвните садови од затнување. Покрај него, и целерот е исто толку моќен. Две стебленца целер дневно се доволни за да се намали нивото на холестерол.

Еве како да ја подготвите оваа моќна напивка…

Потребни состојки:
1 грејпфрут
2 стебленца целер
магдонос
1/4 излупен лимон
3 парчиња ѓумбир

Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во блендер и мешајте додека не добиете густа напивка.

Совет:
Свежиот сок најдобро е да го консумирате пред ручек за да има телото време да ги апсорбира сите состојки и да се активира нивното дејствување. Меѓутоа, можете да го испиете и по оброкот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.