Неизвесно одржувањето на Европсонг во Израел 2019?

Објавил: admin@magazin | 5 јули, 2018 21:25

Победничката на Евросонг победила со плагијат?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Победата на Израел на Евросонг 2018 е загрозена откако една од најголемите светски музички компании се заканила дека ќе ги тужи композиторите на израелската песна поради повреда на авторски права за истата.

Компанијата „Universal Music Studios“ испрати опомена пред тужба до авторите Дорон Медалие и Став Бегер кои се потпишани на победничката песна на Нета, за која тврдат дека е копија на хитот “Seven Nation Army” од групата White Stripes од 2003 година, пишува Time of Israel

Ако ова тврдење се докаже на суд, Израел би можел да биде дисквалификуван од Евровизија, како и да го изгуби правото да биде домаќин следната година.

Според правилата на натпреварот, сите песни кои се натпревруваат на Евросонг морат да бидат оригинал.

Еден од копозиторите на песната, Дарон Медалие, ја потврдил веста и отпатувал во САД за да се обиде да ја разреши оваа криза.

„Изненаден сум што го примивме ова писмо, но го решавме проблемот. Верувам дека успешно ќе го решиме во текот на наредните недели и дека и двете страни ќе бидат здоволни“.

Израелскиот музички критичар Бен Шалев, пред неколку месеци напишал дека музиката од песната „Toy“ е толку слична на хитот „Ѕeven Nation Army“ што се надева дека Џек Вајт нема да ја слушне пред Евросонг бидејќи би можело да дојде до токму до оваа ситуација.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.