Тогаш скопјанецот З. П. (30) управувајќи мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во бетонски ѕид.

Објавил: Рејхан Бајрами | 2 јуни, 2019 11:18

Повредени двајца моторџии, едниот удрил во бетонски столб, другиот се излизгал на коловозот!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што информираше МВР, двајца моторџии од Скопје и од Велес биле повредени во две сообраќајни несреќи.

Според полициските извештаи првата несреќа се случила доцна вечерта околу 23.30 часот на регионалниот пат Велес- Извор.

Скопјанецот З. П. (30) управувајќи мотоцикл „сузуки“ изгубил контрола и излетал од коловозот, по што удрил во бетонски ѕид.

Повредениот моторџија е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес, каде од страна на медицинскиот персонал му се констатирани тешки телесни повреди. На местото на настанот извршен е увид од страна на полицијата.

-На 02.06.2019 околу 03.30 часот во Велес на улицата Васил Ѓоргов, М.Ј (26) од Велес управувајќи мотоцикл „пијаџо беверли“ се излизгал со мотоциклот на коловозот и паднал по што е пренесен во ЈЗУ Општа болница Велес. Таму му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид, стои во соопштението од МВР.

Седум лица се здобиле со лесни телесни повреди во седум од вкупно 12 сообраќајни несреќи,  што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Од страна на полицијата казнети се и 70 возачи за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 52 возила.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Несреќа

„Возачот беше свесен. Видов дека неговата приколка почна да се ниша. Изгледаше прилично грдо“, изјавил очевидец за хрватските медиуми.

УШТЕ ЕДНА НЕСРЕЌА: Во Хрватска се преврте македонски камион

Македонски камион за пренос на автомобили се преврте на автопат во Хрватска, а возачот...

Премиерот Зоран Заев и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски предвреме ја напуштија свеченоста за Илинден во Крушево и се упатија кон Кочани, градот што доцна попладнево го зафати пожарот што му се закануваше речиси цел ден.

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја

Владата на Република Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските...