Поетесата Наташа Сарџоска, заедно со гитаристот и композитор Георги Шарески, кој живее и работи во Берлин, настапија на 19-от Меѓународен поетски фестивал во Берлин во Академијата за уметности на Германија.

Објавил: Македонка Димкин | 10 јуни, 2018 1:19

Поетесата Сарџоска и гитаристот Шарески во Берлин

Фото/Текст извор: ©Студио Европа

Поетесата Наташа Сарџоска, заедно со гитаристот и композитор Георги Шарески, кој живее и работи во Берлин, настапија на 19-от Меѓународен поетски фестивал во Берлин во Академијата за уметности на Германија.

Нивниот настап беше осмислен по принципот на импровизација на мелодии и стихови. И покрај тоа што Сарџоска настапуваше на македонски јазик, тие ја понесоа публиката со нивниот поетско-музички-сценски-визуелен перформанс во кој поезијата на Сарџоска се инспирираше и дополнуваше од акордите и од ритамот на музиката на Шарески. На крајот на својот перформанс, Сарџоска и изведе краток танц проследен со визуелни ефекти и авторска музика на Шарески.

На истата поетска вечер во рамките на фестивалот, под наслов „Студио Европа“, свои стихови читаа и поетесите Бронка Новицка од Полска, Натали Ронво од Луксембург и Сандеп Пармар од Велика Британија. Наташа имаше можност и да ја сними својата поезија на македонски јазик во рамките на меѓународниот проект „Лириклајн“ на „Хаус фур поези“, на која се присутни многубројни поети и јазици низ светот меѓу кои и врвни македонски поети. Нејзините стихови беа за овој повод и препеани на германски јазик. Годинава, ова е нејзин втор меѓународен настап, по поетската визита во Македонскиот културен центар во Софија во организација на книгоиздавателството „Макавеј“, а поддржано од Министерството за култура на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Концерти

Имено, Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври во 13:00 часот ќе одржи бесплатен концерт, кој е во организација на Град Охрид и е од отворен тип.

Бесплатен концерт на Владимир Четкар секстет на градскиот плоштад во Охрид на 11 Октомври

Светски познатиот џез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар, подготвува извонреден...

Белград ќе биде центар за добра забава, а некој од најпознатите српски пејачи токму тука ќе настапат за новогодишната ноќ.

Чолиќ и Мерлин по 100.000 евра, Цеца ќе пее за 80.000 за Нова Година: Еве колку ќе заработат останатите пејачи за новогодишната ноќ

Повеќето од српските пејачи нема да одмараат за новогодишната ноќ, туку ќе настапат...