Секако за Даниела тоа е голема гордост, и открива дека се сеќава на нивните средби во Бугарија.

Објавил: Катерина Крстиќ | 7 февруари, 2020 15:30

Познатата српска пејачка е внука на Баба Ванѓа-и предвидела многу среќа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Многумина ја познаваат српската пејачка Даниела Враниќ и се сеќаваат на нејзините хитови, но оваа вест до сега сигурно не сте ја знаеле. Имено пејачката е правнука на познатата гледачка од Бугарија, Баба Ванѓа.

Секако за Даниела тоа е голема гордост, и открива дека се сеќава на нивните средби во Бугарија.

Пејачката открива дека иако многу мала, сепак се сеќава на посетите на нејзината прабаба, и дека се сеќава на она што и го предвидела.

Таа открива дека Баба Ванѓа и рекла дека ќе биде среќна во животот.

Од неа ја наследив и интуицијата.Имам силна интуиција и тоа многу ми помага бидејќи секогаш знам дали нешто ќе биде во ред или не-вели Даниела.

Баба Ванѓа лекувала со природни лекови од растенија и цвеќиња, затоа што сметала дека премногу апчиња не дозволуваат организмот сам да се избори против болеста. Исто така препорачувала луѓето кои применуваат природни лекови, да користат растенија и билки од средината и земјата каде живеат.

Инаку Вангелија Пандева Димитрова или во народот попозната како Баба Ванѓа била позната наводна јасновитка од Бугарија, родум од Македонија. По нејзиниот брак, таа го добива презимето Гуштерова. Најголем дел од нејзиниот живот го поминала во регионот Рупите на Кожуф планина во Пиринска Македонија, Бугарија. Верниците во неа ѝ припишуват дека имала можност за предвидување, претскажување, разговарање со цвеќиња и ментално да посети различни места на земјава. Инаку, многу ја сметале и за лажна. Денес, голем број на информации, од кои и повеќето се дискутабилни, можат да се најдат во книгата посветена за неа, а напишана од нејзината внука.

Таа ја знаела точната дата на својата смрт и пред да почине рекла дека дарба како нејзината наследило 10-годишно слепо девојче кое живее во Франција и за кое наскоро ќе слушнеме.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.