Пејачката се породи пред време, па поради тоа планираното име Исак, остана за друга прилика. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 22 јануари, 2020 17:43

Се породи Сека Алексиќ- Името на бебето го промени во последен момент

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Сека Алексиќ на свет го донесе второто синче Јован. Таа по втор пат се реализираше во улогата на мајка.

Пејачката се породи пред време, па поради тоа планираното име Исак, остана за друга прилика. 

Имено, пејачката пред неколку месеци го откри полот на бебето, односно откри дека очекува момче и дека за синот го одбрале синот Исак. 

Сека Алексиќ е српска пејачка, родена во Зворник, Босна и Херцеговина. Денеска живее во Стара Пазова со нејзиниот сопруг Вељко со кои ги имаат синовите Јаков и Јован.

Поради тоа што пејачката се породи два дена по големиот празник Св.Јован, таа и нејзиниот сопруг решија  да го дадат името Јован. Сека се породи по природен пат, и таа и бебето се во одлична состојба.

Радосните вести дека добила син, пејачката ги објави на својот „Инстаграм“, но синот не се вика Исак, туку Јован, по нивната куќна слава „Свети Јован“.

„Не е како што ние сакаме, туку како Господ ќе каже. По нашата слава „Свети Јован“ утринава се роди Јован, а желбата на татко му беше иста. Рече: „Нека се вика Јован“. Ако следното бебе е машко, тоа ќе се вика Исак“ напиша Сека на социјалните мрежи и ја објави првата фотографија од синот.

Сека и Вељко од бракот веќе го имаат синот Јаков, а тие имаа желба вториот син да го носи името Исак, но поради околностите се решија за Јован.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.