Ана со него прво била во Дубаи, а од таму продолжиле во Тајланд, а за ова задоволство издвоила 25.ооо евра од својот буџет, објави српски Курир.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јануари, 2020 11:41

За патување со него потрошила 25.000 евра- Ана Николиќ има ново момче

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Познатата српска пејачка Ана Николич деновиве ужива со своето ново момче на луксузно патување за кое потроши над 25.000 евра.

Ана на својот Инстаграм профил објави фотографија од патувањето и доби многу позитивни коментари за својата трансформација…

Ана со него прво била во Дубаи, а од таму продолжиле во Тајланд, а за ова задоволство издвоила 25.ооо евра од својот буџет, објави српски Курир.

 Aна никогаш не била позадоволна и посреќна од сега. Ослабена е, се утеши, а сега издаде и нов албум па затоа реши да ужива за сите пари, бидејќи кога ќе излезе албумот повторно ќе заработи. Освен тоа таа е заљубена до уши во своето ново момче. Не можам да ви откријам за кого се работи но ја гледа како Бог. Тој за неа беше најголема поддршка со чија помош таа ја доведе својата фигура до совршенство, а сега и ја фотографира на плажите. Но Ана не ја запостави ниту својата ќерка Тара од која речиси и да не се одвојува, вели за српски Курир пријателка блиска на пејачката.

Според неа Ана не планира повторно да се мажи но нема во план и да раѓа деца.

– Никогаш не се знае, но како што стојат работите сака само да ужива во животот. Ја интересира само тоа Тара да ја изведе на добар пат. Во брак не верува повеќе, проба и виде дека тоа парче хартија само прави проблем, па одлучила без никакви обврски да биде со својот партнер.Ниту нејзиното момче не се противи на тоа, напротив ја поддржува нејзината одлука. Тие нема да се појавуваат во јавноста заедно. И двајцата на почетокот од врската ги поставија работите на свое место и не се оптеретуваат со неважни работи. Ана неколку пати се покаја што својот приватен живот го даде на тацна за медиумите, па овој пат реши тоа да не се повтори, вели нејзината другарка.

View this post on Instagram

🌴🌞👙 @dharma.beachwear @infinityfatloss 💊

A post shared by Ana Nikolić (@ananikolicofficial) on

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.