Советниците на СДСМ сакаат да го предложат Константин Георгиевски за нов градоначалник на Охрид.

Објавил: admin@magazin | 23 декември, 2018 21:08

Познато е новото име на новиот градоначалник на Охрид

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Советниците на Општина Охрид од партијата на СДСМ ќе го предложат Константин Георгиевски за в.д. градоначалник на градот извори од раководството на СДСМ.

Константин Георгиевски беше именуван за заменик-градоначалник од страна на покојниот Јован Стојаноски, а советниците на СДСМ сакаат да ја испочитуваат неговата волја.
Тој ќе треба должноста да ја извршува се додека не се избере нов градоначалник на избори, а истовремено, тој ќе биде овластен потписник. За овој предлог, ќе треба да бараат консензус од ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Беса. 

Заедно со претседателските избори  во април,вработените во Општина Охрид очекуваат нов градоначалник. 

 Кога ќе го добие известувањето, Министерството за локална самоуправа во рок од 15 дена треба да достави известување до Владата, која во рок од 30 дена од приемот на известувањето треба да констатира дека мандатот на градоначалникот престанал и истовремено да иницира постапка за распишување нови избори.
Денот кога владата ќе ја соопшти одлуката,Советот на Општина Охрид во рок од 30 дена треба да избере еден од членовите на Советот, што ќе ја врши должноста градоначалник за периодот до изборот на нов градоначалник.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести