На Царовска и требаат три дена да испита дали видео записот е автентичен или не

Објавил: Мирко Бачиќ | 9 август, 2018 6:13

Покрената дисциплинска постапка за воспитувачката од гевгелиската градинка

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Три дена по објавувањето на видеото за вербално малтретирање на дете во гевгелиската градинка конечно со разрешница – вработената негувателка ке одговара.

По извршениот инспекциски надзор од Министерството за труд и социјална политика – раководството на градинката ја утврдува фактичката состојба при што имат констатирано дека вработената ги пречекорила своите овластувања.

Против неа е покрената дисциплинска постапка. Од градинката тврдат дека станува збор за вербален испад без било каква физички контакт со детето.

За случајот нема жалба од родителите чие дете штотуку почнало да престојува по два часа во градинката.  Јавноста сметат дека за овој инцидент  потребна е казна и секој да си одговара за сопствените постапки и грешки.

На социјалните мрежи пред три дена се појави видео во кое се слуша висок тон на негувателка упатен кон дете кое плаче. Авторот на видеото тврди дека детскиот плач траел цели два часа. За случајот се заинтересира и народниот правобранител кој побара да се преземат сите мерки за расветлување на истиот – но и да има одговорност за направениот инцидент.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести