Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Објавил: admin@magazin | 9 февруари, 2021 9:35

ПОЛАРНИОТ БРАН ОД АРКТИКОТ СЕ СПУШТА КОН БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА – НАЈНОВИ ДЕТАЛИ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес времето во државава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во попладневните часови. Повеќе врнежи ќе има во западните предели, додека на повисоките планини ќе има врнежи од снег.

Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 17 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со услови за повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, додека максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Потоа утре ќе има преодно стабилизирање на времето, додека во ноќните часови кон четврток од запад ќе започнат нови врнежи од дожд и истите ќе продолжат и во четврток. На планините врнежите ќе бидат од снег. Во четврток доцна попладне и навечер поради продор на многу студена воздушна маса која се спушта од Арктикот ќе има нагло и големо заладување на времето кое ќе биде проследено со засилен северен ветер и локално провејување на снег.

Од петок температурите ќе бидат значително пониски, додека за време на викендот истите на многу места ќе бидат постојано под нулата.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...